Во дискотека во Кавадарци претепан полициски началник, две лица завршија во притвор

Основното јавно обвинителство Кавадарци информира дека две лица завршиле во притвор откако претепале полициски началник во ноќен клуб.

„Двајцата соизвршители осомничени за ова кривично дело, на 15 февруари во раните утрински часови, во дискотека во Кавадарци нападнале службено лице – полициски началник кој во моментот бил на должност и постапувал за откривање на сторители на недозволена трговија со дрога.

Кога во дискотеката го забележале началникот на кого и претходно му упатувале заканувачки пораки преку други лица, осомничените на возраст од 31 и 33 години започнале да го туркаат и да го удираат со боксови по главата и телото, при што му ја скинале облеката и му нанеле повеќе повреди – набиеници и расекотини“, гласи описот на ОЈО.

Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци го прифатил предлогот на Обвинителствотот и определи притвор во траење од осум дена