Властите на самопрогласената проруска Донецка народна република на истокот на Украина, објавија во понеделникот дека заплениле лаптоп на украинската војска кој содржел информации со цели за напад со ракетниот ситем „Точка-У“, меѓу кои и зградите на регионалната власт, на радио-телевизискиот центар и на центарот за регрутирање.
Претходно во понеделникот беше објавено дека украинските сили под команда на Киев извеле ракетен напад врз милионскиот град Донецк, кој го контролираат проруските милиции, изведен со проектил „Точка-У“ со касетно полнење. Според, министерот за здравство на ДНР, Алексадр Опишченко, во нападот загинале 20 цивили, вкупно во болниците биле пренесени 35 настрадаnи од кои две лица им подлегнале на повредите. Утрешниот ден е прогласен за ден на жалост за загинатите.
На брифингот со новинарите во Москва, портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков, прецизираше дека проектилот „Точка-У“ е истрелан врз станбените области во Донецк од северозападен правец, од областа Красноармејск, која е под контрола на украинските „националистички“ формации кои вклучени се во составот на украинската војска.
Челникот на властите во Донецк, Денис Пушилин, прецизирапе дека проектикот бил уништен од противвоздушната одбрана во воздух, а дека во спротивно ќе имало „несразмерно повеќе жртви“. Според него, станува збор за „геноцид врз цивилно население“, а „акциите на националистичките баталјони“ ги оквалифiкува како „тероризам“.
Истакна дека до понеделникот силите на Донецк собориле повеќе од 15 проектилите од овој тип, но досега тие „не биле со касетни поленења“. Пушилин истакна дека користењето на такво оружје докажувало дека целта била да се убијат што е повеќе мирни жители.
Касетната муниција е забранета во речиси сите европски земји, како и во Австралија, Канада, Јапонија и многу други земји во светот. Украина, како и Русија и САД, не им пристапија на ковенциите за забрана на ваквото оружје.