Дрогата, распределена во 52 пакетчиња, била скриена во камион „сканија“ со приколка, натоварен со огревно дрво, кој тргнал од Елбасан, а требало да замине со траек за Италија.
При контрола со скенер, на таванот на каросеријата биле откриени пакетчињата со дрога.
Уапсен е возачот на камионот Аурел Круемади(45) од Елбасан, кој тврдел дека немал сознанија оти во возилото има и дрога.
Постојат основани сомненија дека потеклото на дрогата е Турција, која најверојатно минала низ Македонија или низ Косово па стигнала до Албанија.
Албанската полиција потврдува дека ова е најголема количина на запленет хероин во последните години. Истрагата се води за меѓународна трговија.