![rabotnici](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/01/rabotnici.jpg?resize=695%2C459&ssl=1)
Околу 10 илјади работници годишно ѝ недостигаат на земјава тврди вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
-Најмногу кадар недостига во градежништвото и во угостителството. Земјава се обидува да обезбеди работници од увоз без ограничувања од која земја, и се надева дека и нашите ќе се мотивираат да се пријават во агенцијата и да се вработат. Странските компании кои што работат тука сметаат дека обезбедувањето кадар е работа на државата, истакна Битиќи.