Во Дубаи почна гласањето за прием на Косово во Интерпол

Во Дубаи во рамки на генералното собрание на Интерпол поќна гласањето за прием на Косово во членство на оваа меѓународна организација.

За време на расправата, како што пренесуваат српските медиуми, за гласање за прием на Косово во членство во Интерпол, покрај Србија застанале десет држави – Шпанија, Мароко, Кипар, Кина, Белорусија, Русија, Намбија, Венецуела, Суринам и Романија.

Само гласањето за ставање на Косово на дневен ред е овозможено откако претседателството во Интерпол го одби барањето на Србија и на уште пет држави-членки, собранието да го отстрани од дневниот ред изјаснувањето за членството на Косово.

 

Српската делегација предупреди дека се оди кон тоа, преку работата и правилата, да се најде меѓу членките на Интерпол.