При менување на водоводни цевки од страна на работници во ЈП Водовод, во близина на Железничката станица Битола биле пронајдени неексплодирани авионски бомби.
Како што соопштува МВР, Ѓорги Стефанов пиротехничар во ДЗС-Битола, вчера во 10. 30 часот пријавил дека биле подигнати 24 неексплодирани авионски бомби со потекло од Првата светска војна во „Битолска суровина” лоцирано кај Железничката станица во Битола.
При изведување на работи во неговиот двор, Пауновски Зоран од с.Кажани прјавил дека пронашол една неексплодирана рачна офанзивна бомба со потекло од 2-та Светска војна и една неексплодирана артилериска бомба со потекло од 1-вата Светска војна.
Од страна на пиротехничар од ДЗС-Битола, бомбите се подигнати за понатамошна постапка.