Во две сообраќајни несреќи во Египет загинаа 25 лица

Во две сообраќајни несреќи во саботата во Египет загинаа вкупно 25 лица а уште 38 се повредени, соопштија службите за итна помош.

Најмалку 19 работници во фабрика за облека во Порт Саид загинале во сударот на нивниот минибус со камион. Во истата несреќа повредени се уште шест лица.

Причината за несреќата сѐ уште е непозната, но весникот al-Shouruk пишува дека камионот удрил во минибусот и го превртел.

Во градот Суец се судриле автобус со туристи и автобус на јавниот сообраќај, а во несреќата загинале шест лица и уште 32 се повредени, соопштил претставник на локалната служба за сигурност.

Меѓу загинатите и повредените се туристи од Индија и од Кина, пренесува поралот al Ahram Online.

Сообраќајните несреќи со смртни последици се многу чести во Египет, а најчеста причина за тоа се невнимателното возење и лошите патишта. Поради тоа, последните години во земјата чиешто население се приближува во 100 милиони, се гради нова патна мрежа.

Во текот на минатата 2018 година во Египет се случиле 8.480 сообраќајни несреќи во кои загинале 3.087 лица. Бројот на ваквите несреќи ланската година, според официјалните податови, се намалил дури за 23,6 отсто во однос на претходната 2017 година.