Во две одделни сообраќајни несреќи кои изминатата ноќ се случиле на територијата на главниот град со тешки повреди на скопскиот Ургентен центар се хоспитализирани возрасна жена и средовечен маж, соопшти во неделата Министерството за внатрешни работи.
Првата сообраќајна несреќа се случила во 19, 30 часот на крстосницата од булевар „Киро Глигоров“, улица „808“ и улица „15-ти Корпус“ меѓу мопед „јиндинг“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 51-годишниот З.Р. од Скопје и автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 52-годишниот Г.С. исто така од Скопје.
Според прјавеното во незгодата со тешки телесни повреди се здобил З.Р, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Втората незгода се случила речиси два часа подоцна, околу 21,30 часто кога скопјанец со автомобил удри во жена којашто со тешки повреди итно пренесена во во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Несреќата се случила на улицата „Душан Тасковиќ“ во скопската општина Гази Баба кога автомобил „шкода октавија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот скопјанец С.С. удрил во пешакот 70- годишната Н.Ќ од Скопје.