
Кујните на основните училишта „Кочо Рацин“ и „Св. Кирил и Методиј“ се затворени откако екипа на Центарот за јавно здравје открила опасни бактерии.
„При последниот увид, направен последната недела од месец декември, во две училишта констатирана е појава на бактерии .Во основното училиште„ Кочо Рацин” има наод од Ешерихиа-коли на машината за сечење леб, а во основното училиште „Св.Кирил и Методиј” има наод од Цитробактер на штипка за служење риба како и колиформни бактерии. Во двете училишта со кујните стопанисува иста фирма, односно фирмата „Сара Тренд “ од Скопје“, се вели во соопштението од општина Центар.
Од Центар велат дека на директорите на училиштата им било наредено да ги затворат кујните се’ додека не се отстраната бактериите и кујните бе бидат безбедни за користење.
Меѓу другото, во дописот до директорите на училиштата било побарано да свикаат итни средби на Советот на родители и Училишниот одбор во двете училишта, со цел запознавање на родителите со настанатата состојба и понатамошно постапување.
Општина Центар исто така писмено се обратила и до Агенцијата за храна на Република Македонија, како надлежна институција за контрола и инспекторирање на кујните и побара да извршат надзор во кујните на двете општински основни училишта „Кочо Рацин”и „Св.Кирил и Методиј” во општина Центар, како и да преземат се’ што е во нивна надлежност и да не информираат за понатамошно постапување.