Во двојниот бомашки напад на Филипини 15 загинати и десетици ранети

Најмалку 15 лица се убиени а уште 75 други се ранети во двојниот бомбашки напад изведен во понеделникот утрото во градот Холо, во јужниот филипински остров Сулу, соопштија властите кои се сомневаат дека зад нападот стои екстремната исламистички група Абу Сајаф.

Според извештаите, прво околу пладнето по локално време во центарот на главниот град на истровот Јоло, бил детониран експлозив поставен на мотоцикл, а по еден час откако бил поставен безбедносен периметар и им се укажувала помош на настраданите втората експлозија ја предизвикала жена бомбаш-самоубиец.

Вкупно осум припадници на безбедностните сили, шест цивили и жената која се кренала во воздух загинале во нападите, додека 27 војници и 48 цивили се повреден во денешниот напад на Јоло, еден од островите на кои муслиманите се мнозинство во доминантно католичката островска земја.

Загинатите и ранети војници се припадници на специјалната прва пешадиска дивизија која ја формираше филипинскиот претседател Родриго Дутерте за уништување на милинатнта групација Абу Сајаф, поврзана со редикалната групација Исламска држава. Оваа милитантна група е позната по поратство и киднапирања за откуп, како и по крвавите напади врз цивилни и воени цели.

Нападот во понеделникот е еден од најмалкуте шест самоубиствени бомбашки напади изведени изминатите три години, што беше редок начин на изведување напади на Филипини и покрај деценискиот сепаратистички конфликт.