На 15.07.2014 година, околу 22,15 часот, во Штип во дворното место од куќите на Д.Д.(65) и А.А.(30), настанала вербална расправија помеѓу истите во која се приклучиле К.Д.(34) и М.Н.(52) а потоа дошло и до физичка пресметка во која биле употребени метални предмети и дрвена палка.
При тоа Д.Д со дрвена палка го удрил М.Н во пределот на главата по што тој паднал во бессознание. Повредениот е пренесен во Клиничка болница Штип каде му се констатирани тешки телесни повреди, а на останатите учесници им се констатирани телесни повреди.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.