Бројката на загинатите во уривањето на вијадуктот кој минува над Џенова се зголеми во средата напладне на 42 лица, а потрагата по телата на жртвите или евентуално преживеани сé уште трае, изјави главниот обвинител во областа.
„Во овој момент знаеме за 42 загинати, вкличително и тројца малолетници“, изјави главниот обвинител на Џенова, Франчестко Коци, за италијанската јавна телевиија RAI, додавајќи дека станува збор за прелиминарни податоци. Додаде во врска со причините за несреќата дека „не станува збор за случајност, туку за човечка грешка“.
Министерот за внатрешни работи Матео Салвини, претходно потврди дека меѓу жртвите се и три деца, на возрас од 8, 12 и 13 години.
Надвозникот се урна во вторникот околу 11,30 часот по локално време. Речиси 240 пожарникари целата измината ноќ ги пребаруваа урнатините со помош на обучени кучиња во надеж дека ќе пронајдат преживеани.
Меѓу 30 и 35 автомобили и три камиона паднале од височина од 45 метри кога вијадуктот Моранди, кој локалното население го нарекува и „Бруклински мост“, се урнал. Делот од надвозникот кој се урна минувал над реката, железничката линија кон Милано и две складиште. Тој е клучен сообраќаен правец во градот поврзувајќи ги патишта кои одат кон Франција и Милано. Дел е од италијанскиот автопат А10, односно од Џенова до Савона, на европската рута Е80.
„Луѓето коишто живеат во Џенова се возат преку овој вијадукт по неколкупати во денот“, изјави заменикот на министерот за транспорт и инфрастурктура Едоардо Рикси, кој по потекло е токму од Џенова.
Премиерот Џузепе Конте, кој во вторникот го прекина летувањето поради трагедијата за да го посети местото на несреќата, напиша на социјалните мрежи дека го доживеал „најдолгиот и најтешкиот ден како премиер“. Вети дека ќе биде спроведена истрага и проверка на состојбата на италијанската сообраќајна инфраструктура, за да не се повторат вакви трагедии.
Министерот за транспорт и инфратруктура, Данило Тонинели, за несреќата ја обвини приватната компанија за одржување и стопанисување со автопатите „Аutostrade per l’Italia“ и ја повика нејзината управа веднаш да поднесе оставка. Покрај тоа, порача дека компанијата може да очекува казна во висина од 150 милиони евра.
Од друга страна, пак, Салвини истакна дека европските прописи за буџетската дисциплина ѝ пречат на Италија во вложувања за подобрување на патната инфраструктура. „Секогаш мора да барате дозвола за трошење пари“, рече.
Од „Аutostrade per l’Italia“ во вторникот објавија дека надвозникот Моранди, пуштен во употреба во септември 1967 година, бил реконстриран во 2016 година, бил под постојана контрола и дека токму сега во тек биле работите на јакнењето на неговите темели.
Пред две години за своевремено контроверзниот и скап вијадукт кој постојано е тема на стручни расправи во италијанската јавност, професорот по градежништво шри Универзитетот во Џенова, Антонио Вренцих, оцени дека мостот е „градежнички неуспех“ со „многу високи трошоци за неговото одржување“.