Шеснаесет жртви загинале во петокот во поонување на брод во Егејското Море, само неколку часа по првото потонување во коешто загинаа 11 лица, соопшти грчката крајбрежна стража, за веќе третиот вакиот инцидент од средата.
Крајбрежната стража пронашла 16 тела, од кои 12 се мажи, три се жени и едно дете, и успеала да спаси 63 лица од бродот кој потонал во близина на островот Парос.
Неколку часа претходно биле пронајдени 11 тела по потонување на брод со стотина мигранти кои се насукал во четвртокот на островче во јужна Грција. Околу 90 преживеани, од кои 52 се мажи, 11 жени и 27 деца, се спасени и евакуирани во петокот претпладнето од островчето северно од грчкиот остров Антикитера, според крајбрежната стража.
Акциите на потрага и спасувања во морето продолжуваат, бидејќи сѐ уште не е јасно колку луѓе бидел на бродот кој потонал во петокот попладнето.
Во четвртокот се преврте чамец на надувување кој превезувал мигранти од островот Фолегандрос, исто така во јужна Грција, и тогаш загинаа три лица. Тогаш се спасени 13 луѓе, главно Ирачани но и Сиријци и Египќани, но десетици сѐ уште се водат како исчезнати, објавија грчките власти.
Преживеаните сега дале различни искази, според некои на почетокот на бродот имало 32 лица, додека други тврделе дека ги имало 50. Од УНХЦР објавија дека бродоломот кај Фолегандрос бил најглоѓшиот во Егејското Море оваа 2021 година.