Во текот на неделата (10.07.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 992 возачи.
Од нив 100 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 30 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа, 443 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 549 надвор од населено место.