Во Египет новинари на „Ал Џезеира“ осудени на по 7 години затвор

Судот во Каиро осуди тројца новинари на „Ал Џезеира“ на по седум години затвор за искривување на информации и соработка со забранетата организација „Муслиманско братство“.

Австралијанецот Питер Гресте, Махмад Фадел Фами, египетско-канадскиот новинар и продуцент Бахтер Мухамад од „Ал Џезеира“ на англиски јазик беа меѓу 20-мината обвинети на судењето кое предизвика лутина кај меѓународната заедница и страв од растење на медиумските ограничувања во Египет.

Групите за заштита на човековите права, вклучувајќи го и „Амнести Интернешенал“, како и Комитетот за заштита на новинарите од Њујорк побарале уапсените новинари да бидат ослободени.

Медиумската куќа „Ал Џезеира“, со седиште во Катар, обвинувањата и пресудите против своите новинари ги нарече неприфатливи и неправедни.

Денешната пресуда е по седум дена откако египетските власти во ослободија Абдула Елшамиј, уште еден новинар на „Ал Џезеира“ кој работи на програмата на арапски јазик.