Научниците во Египет открија во Западната пустина, во областа на Сахара која лежи западно од Нил, нов вид четириножен кит кој живеел пред околу 43 милиони години, пренесува BBC.
Черепот на новиот вид кит потсетува на черепот на Анубис, староегипетскиот бог на мртвите кој имал глава на чакал, па по него го добил латинскиот назив Phiomicetus anubis.
Претците на денешните китови потекнуваат од цицачите случни на елените кои го населувале копното во текот на десет милиони години.
Phiomicetus anubis тежел околу 600 килограми, бил долг три метра и имал силни вилици за да го улови пленот, покажала студија члииште резултати се објавени минатата седмица во Зборникот на трудови на Кралското друштво.
Палеонтолозите веруваат дека телото на овој морски цица било пролагодено за пливање и живот во вода, но и за движење на копното.
Делови од скелетот на ова суштество се пронајдени во египетската Фајумска депресија, а ги анализирале научници од Универзитетот Мансур. Во оваа денес пустинска област богата со фосили, некогаш имало море.
„Phiomicetus anubis е клучниот новооткриен вид китови и е важно откритие за египетската и африканската палеонтологија“, изјавил за Reuters главниот автор на студијата, Абдула Гохар.
Иако ова не е првпат дека научниците да откриваат фосил на кит со нозе, се верува дека Phiomicetus anubis е најраниот вид на ткн „полуморскиот“ кит кој е откриен во Африка.
Првично се веруваше дека китовите еволуирале во Јужна Азија пред околу 50 милиони години. Со се поголемото прилагодување на нивните тела на животот во вода, мигрирале кон Северна Африка и Северна Америја, каде што е пронајдени други фосили. Најновото откритие упатува на тоа дека првите китови допливале од областа на Јужна Америка.
Палеонтолозите сметаат дека китовите се култни пример на еволуцијата, бидејќи се развиле од мали копитари и потоа постепено ги освојувале океаните.
Тим палеонтолози во 2011 година во Перу откри фосил на кит стар 43 милиони години. Имал четири нозе, со кожинки кои го овозможуваат пливањето и копита. Овој древен кит би можел токму поради екстремитетите и силниот опаш да се спореди со дабар или видра.