Во Египет почна тридневната жалост по крвопролевањето на Синај

Египет во саботата ја започна тридневната жалост по 235 муслимански верници следбеници на суфизмот убиени во џамија на полуостровот Синај, а војската на овој најкрвав напад во поновата историја на земјата одговори со воздушни напади на упориштата на египетскиот огранок на екстремната сунитска органзиација Исламска држава.

Иако сите факти зборуваат дека сторителите се џихадисти, сѐ уште никој не ја презема одговорноста за нападот извршен во петокот во текот на пладневната олитва во џамијата ал-Равда во Бие ал-Абед, 40 километри западно од Ал-Ариш, главниот град на покраината СЕверен Синај, кој заврши убиства на најмалку 235 луѓе и уште 109 ранети.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси вети во петокот „брутален одговор по нападот, порачувајќи дека „вооружените сили и полицијата ќе ги одмаздат нашите маченици и набрзо со сила ќе ја вратат безбедноста и стабилноста“.

 

Суфитите цели на напади на исламските екстремисти

Неколку часа по обраќањето на претседателот ал-Сиси преку државната телевизија, војската објави дека извела напади на Синај, каде што безбедносните сили се борат против групацијата Вилает Синај, којашто дејствува како египетско огранок на Исламската држава.

Во џамијата ал-Равда галвно се молат припадници на суфизмот, мистично-аксетски правец во исламот, кој ултрарадикалната сунитска група Исламска држава го смета за ерес. Минатата 2016 година џихадистите го заробија и го обезглавија суфискиот водач обвинувајќи го дека практицира магија, што е забрането во исламот. Џихадистите изминатите години грабнаа неколку следбеници на суфизмот кој ги ослободија откако тие луѓе се „покајале“.

Од 2013 година кога војската по крвавите протести на секуларната опозиција го отстрани од власта исламистичкиот претседател Мохамед Морси и вон законот го стави неговото влијателно движење Муслиманско братство, џихдистичката група Ансар Баит ал-Макдис (Бранителите на Ерусалим) ѝ изрази лојалноста на Исламската држава и редовно ги напаѓа египетските безбедносни сили на северот од Синај. Во тие напади досега се убиени стотици полицајци и војници, како и цивили.

 

Христијани, бедуини, цивили се жртви на ИД и џихадистите поврзани со Ал Каеда

Во петокот очевидци сведочеа дека напаѓачите ја опколиле џамијата со теренски возила, а потоа поставиле бомба пред зградата. По експлозијата, вооружените терористи пукале на верниците кои се обидувале да побегнат од џамијата и ги запалиле возилата на верниците за да го спречат нивното бегство.

„Потоа упаднаа во џамијата, ги имаше меѓу 10 и 20 и убија повеќе лица отколку што ранија. Носеа маски и воени униформи“, вели Магди Разијк, кој и самиот е повреден во нападот. Според него, семејствата коишто живеат во оваа област населена претежно со суфисти, веќе трпеле закани од екстремистичките групи.

Масакрот во џамијата го осудија и многу светски челници и меѓународни организации. Генералниот секретар на Арапската лига, Ахмед Абул Геит го осуди „ужасното злосторство кое потврдува дека вистинската вера исламот е невина за разлика од оние која ја прифаќаат терористичката екстремистичка идеологија“.

Поради нападот граничниот премин меѓу Египет и Појасот Газа, кој требаше да биде отворен во саботата, ќе остане затворен до новата наредба, изјавил палестински функционер за агенцијата AFP.

Египетскиот огранок на Исламската држава ги напаѓа безбедносните сили на полуостровот Синај кој граничи со Израел и со палестинската територија Појасот Газа, иако зачестеноста и обемот на овие напади паднаа последните години.

Џихадистите сега напаѓаат цивилни цели и нивни жртви не се само христијаните и суфиите, туку и бедуините на Синај коишто ги обвинуваат дека соработуваат со египетската војска. Во септември годинава христијаните од Ал Ариѓ масовно бегаа од овој регион по низата напади врз нив. Пред една година, стотици христијани, главно Копти, беа убиени во нападите на црквите или селективни напади на Синај но и ширум Египет.

Освен џихадистичкиот бунт на Исламскатга држава на Синај, Египет се соочува и со џихадистите кои ѝ се придружија на терористичката мрежа Ал Каеда која дејствува од своите упоришта од Либија на западната граница на земјата.