Во Египет започна дводневниот референдум за новиот Устав на земјата, што може да го отвори патот за спроведување на нови избори, пренесе „Би-Би-Си“.
Новиот основен закон има за цел да го измени законодавството што беше формирано од поранешниот претседател Мохамед Морси и неговото движење „Муслимански браќа“.
Исламистичкото движење повика на бојкот на гласањето, што ги зголеми стравувањата од насилство за време на дводневното гласање. Поради тоа зголемени се мерките за безбедност во целата земја.