![eksplozija kabul povredeni](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/09/eksplozija-kabul-povredeni.jpg?resize=644%2C362&ssl=1)
Американски и романски војник и најмалку десет авганистански цивили загинаа во експлозија на автомобил-бомба во Кабул, во близина на областа каде што се сместени странски амбасади и владини згради.
Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Насрат Рахими рече дека има и 42 повредени и 12 уништени возила.
Претседателот на Авганистан Ашраф Гани во соопштение наведе дека постигнувањето мир со група која се уште убива невини луѓе е бесмислено.
Портпаролот на талибанците Забихул Муџахид претходно рече дека мета на нападот бил конвој на странски сили во центарот на Кабул, тврдејќи дека биле уништени три возила и дека се убиени 12 странски и осум припадници на авганистанските безбедносни сили.
Во соопштение на мисијата на НАТО се наведува дека двајца нивни припадници се „убиени во акцијата“, без да се дадат дополнителни детали.