Речиси сто лица се ранети во силна екпслозија на автомобил-бомба во западен кварт од Кабул во средата за која одговорноста ја преземаа талибаните ден откако ги повикаа Авганистанците на бојкот на претседателските избори во септември со закана дека собирите и избирачките места ќе станат цели на напади.
„Возило полно со експлозив е разнесено на влезот во полициската станица во западниот дел од Кабул во 9 часот наутро. Искрешни се прозорците на дваесетина продавници, а некои од нив се оддалечени и километар“, изјавил за AFP портпаролот на министерството за внатрешни работи Насрат Рахими.
Портпаролот на министерствтото за здравство за агенцијата DPA рекол дека повредените се пренесени во градските болници.
Талибаните објавија во меѓувреме соопштение во кое велат дека „регрутен центар“ бил нападнат од нивен бомбаш-самоубиец. „Голем број војници и полицајци се убиени и ранети“, се наведува во талибанската објава којашто ја цитира Reuters.
Во вторникот талибаните на своите борци им порачале да се спротистават на одржувањето на претседателските избори кон крајот септември и се заканија дека со насилство ќе го попречуваат изборниот процес. Во соопштението кое до медиумите го испратил талибанскиот портпарол Забиула Муџахид пунтовниците ги „повикуваат“ своите борци „со сите своите капацитети да се спротиставата на овој театарски изборен процес“.
„За да не страдаат нашите сограѓани, треба да ги избегнуваат собирите кои може да станат целио“се закануваат талибаните и ги повикуваат избирачите да го бојкотираат изборите.
Безбеносните сили се „потполно подготвени“ да ги штитат Авганистанците од заканите на талибаните и нема да дозволат никому да го нарушува изборниот процес, одговори авганиското претседартелство на талибанската објава.
„Учеството на изборите и директното бирање на челникот се верски и законски права на авганистанскиот народ и владата
Насилствата продолжуваат и покрај осмиот круг од преговорите меѓу претставниците на радикалното исламистичко движење Талибан и САД, кои во моментов се водат во катарската престолнина Доха, и во моментите кога и двете преговарачки страни изразуваат задовоство од „одличниот напредок“.
Во вторникот вечерта најмалку пет лица беа убиени, а седум ранети во атентат врз возило на владините служби за борба против наркотиците, објави министерството за внатрешни работи.