Најмалку 18 луѓе загинале во експлозија на гас во петокот навечер во хотел во Беавара, на западот од Индија, во текот на свадбена свеченоста, според билансот кој го објавија властите во неделата.
Девет тела биле извлечени од урнатините во саботата а уште девет во неделата, меѓу кои и на неколку деца, изјавил претставник на властите во индиската сојузна држава Раџастан, а пет лица се здобиле со тешки изгореници.
Експлозијата на резервоар за гас за домаќинствата речиси целосно го уништила трикатниот хотел во текот на свадбената веселба. Очевидци кои зборувале за индиската телевизија NDTV рекле дека несреќата се случила кога готвачот се обидел да ја наполни резервоарот за гас во шпоретот.
Смртоносните експлозии на резервоарите за гас за домаќинствата се чести во Индија, во прв ред поради непочитувањето на безбедносните прописи, но сепак ретко се случува да има толку многу жртви.