Во експлозија во Аеродром уништен лускузен автомобил

Експлозија околу 4 часот изутринате во саботата  ги разбудила жителите на улица „Јане Сандански“ во Аеродром, пишува Вечер.

Според порталот, жители на блиската зграда сведочеле дека експлодирала бомба поставена под автомобил.

Од МВР подоцна соопштија  дека утринава во 6,45 часот добиле пријава за опожарено возило џип „мерцедес“ со скопски регистерски ознаки лоцирано зад трговскиот центар Капитол, сопственост на правно лица кое не е наведено во информацијата.

Според пријавата во полицијата опожарен бил задниот дел од возилото. Засега од МВР располагаат со овие информации, а повеќе детали може да бидат познати во текот на денот.