Во експлозија во Стразбур ранети четири лица

Во експлозија на силос за житарки во средата утрото во Стразбур се повредени се четири лица, од кои три тешко, објави полицијата.

Според првичните процени, не станува збор за подметната експлозија, појаснува полицијата. Се додава дека во моментот на несреќата на тоа место имало 11 лица.

Околу 70 пожарникари биле испратени на местото на експлозијата, југоисточно од Стразбур, којашто предизвикала висок облак од чад и пожар. Полицијата го блокирала местото, додека возилата на итната помош и полицијата се упатувале кој овој земјоделски погон.