Во ЕЛЕМ измислиле работно место за синот на „Мира дизел“

Кај шест од вкупно 18 случаи на вработувања на блиски роднини на функционери Антикорупциска утврдила дека критериумите во огласите биле местени за кандидатот што требало да биде вработен, а еден од таквите примери е вработувањето на синот на пратеничката Мира Стојчевска, Виктор, во ЕЛЕМ.

Антикорупциска утврди дека иако во Правилникот на ЕЛЕМ се барало од нововработените да имаат двегодишно работно искуство, овој услов го немало во огласот на кој се пријавил синот на пратеничката.

Исто така, во систематизацијата на ЕЛЕМ не постоело работното место на кое бил вработен Стојчевски, а директорот го искористил своето дискреционо право да го вработи.

За овој случај, Антикорупциска одлучи да ја извести Владата која има ингеренции врз работењето на ЕЛЕМ, Надзорниот одбор на ЕЛЕМ и трудовиот iнспекторат.