Во ерупцијата на Везув екстремната топлина претворила мозок во стакло

Есктремната горештина предизвикана од историската ерупција на италијанскиот вулкан Везув била толку интензивна, што го претворила мозокот на една од жртвите во стакло, покажува нова студија објавена во четвртокот во списанието New England Journal of Medicine.

Вулканот еруптирал во 79 година од нашата ера. Катастрофалната ерупција предизвикала загуба на илјадници животи и ги уништила целосно древноримските населби во близина на денешен Неапол. Градот Херкуланеј исчезнал во оваа ерупција. Група научниците проучувала останки од една од жртвите, ископани во Херкуланеј во 1960-те години.

Студијата укажува дека од черепот на жртвата се извлечени фрагменти на стаклест црн материјал. Научниците кои работеле на истражувањето веруваат дека црниот материјал всушност е човечки мозок претворен во стакло. Витрифакцијата, како што се наведува во студијата, е процес во кој материјалот согорува на висока температура за потоа нагло да се излади. На тој начин материјалот се претвора во стакло.

„Зачуваните остатоци од древниот мозок се крајно ретки откритија. Ова е досега првото откритие на древен човечки мозок кој топлината го претворила во стакло“, вели др Пјетро Паоло Петроне, форензички антрополог на неаполскиот универзитет „Федерико Втори“ кој е и автор на студијата.

Жртвата, за којашто се верува дека е маж во средните двесетти години, е пронајдена како „лежи во дрвен кревет, затрупан од вулканска пепел“ во Херкуланеј. Веројатно моментално го убила ерупцијата, смета Петроне. Анализата на дрвјата пронајдени недалеку од останките на жртвата покажала дека била достигната максимална температура од 520 Целзиусови степени.

„Тоа покажува дека екстремната топлина успеала да ја согори телесната маснотија и дека дошло до испарување на некои ткива, пред остриот пад на температурата. Откривањето на стаклестата материја во главата на жртвата, протеин на човечкиот мозок и масни киселини кои се наоѓаат во човечката коса, укажуваат на термички индуцирано зачувување на постакленето ткиво на човечкиот мозок“, се наведува во студијата.

Стаклен материјал не е пронајдени на другите локации во областа на археолошките ископувања. Археолозите со векови ги истражуваат остатоците во Херкуланеј и во Помпеја, кои се уништени во ерупцијата на Везув.