![deca Како да ги заштитите своите деца од болести?](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/10/deca2.jpg?resize=600%2C400&ssl=1)
Во 2018 година во ЕУ имало 223 милиони домаќинства и речиси една третина, 65 милиони, имале деца кои живееле во нив, покажуваат податоците на „Евростат“. На ниво на ЕУ, 15 отсто од домаќинствата со деца имаат по еден родител. Во Данска овој процент е 29, а во Естонија 28. Овие земји имаат најголем број на еднородителски семејства и се пред Литванија и Шведска каде 25 отсто од семејствата се со еден родител. Хрватска има најмал број на семејства со еден член, во споредба со другите земји на ЕУ.
Во Хрватска каде само 6 отсто од вкупниот број на домаќинства се со еден родител. Следуваат Романија со 7 отсто, Грција, Словачка и Финска со 8 отсто.
Меѓу земјите членки на ЕУ, најмногу семејства со деца има во Ирска, 39 отсто од вкупниот број на семејства, пред Кипар, Полска и Словачка со 36 отсто и Романија со 35 отсто. А, најмалку семејства со деца имаат Германија и Финска, 22 отсто од сите семејства во овие земјите.
На ниво на ЕУ, околу половина од сите семејства со деца, или 47 отсто, што значи 30,6 милиони домаќинства, биле со само едно дете, 40 отсто со две, додека само 13 отсто имале три и повеќе деца.
Најмногу семејства со три и повеќе деца има во Ирска, 26 отсто,а најмалку во Бугарија, 5 отсто.