Земјите членки на Европската унија сѐ уште се далеку од консензус и нема јасна европска позиција за предлогот дел од обуката на украинските војници да се спроведе во самата Украина од страна на офицерски кадар на земјите членки, потврди во вторникот високиот претставник на ЕУ за задничка надворешни и безбедносна политика Жозеп Борел.
„Имаме различни гледишта, не можам да кажам дека има консензус да почнеме со тоа утре“, рече Борел на прес-конференција по состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на ЕУ.
Во ноември 2022 година, Европската унија официјално започна мисија за обука на украинските војници наречена Мисија за помош на Европската унија во Украина (EUMAM). Досега, над 50.000 украински војници поминале низ обуката, а Борел рече дека се надева дека тој број ќе порасне на 60.000 до крајот на летото.
Оваа обука се изведува на територијата на земјите членки на ЕУ, а сега се размислува дел од таа мисија да се извршува и во Украина, односно европски воени инструктори да обучуваат украински војници во самата Украина. Борел вели дека некои земји гледаат предност во тоа што војниците би биле обучувани во реални воени услови и со тоа би се избегнале украинските војници да дојдат во ЕУ, а потоа да се вратат во нивната земја по обуката, а и како што имало случаи некои да побараат азил во земјата во која биле на обука.
Од друга страна, некои веруваат дека испраќањето на овие воени инструктори, иако тие не се припадници на борбени единици, може да имплицира дека ЕУ е директно вклучена во војната, бидејќи тие, на крајот на краиштата, се воен персонал.
Имавме дискусија за тоа, но немаме јасна европска позиција“, рече Борел.
На средбата било разговарано и за тоа дека некои западни земји треба да ги укинат ограничувањата за употреба на оружје што ѝ го доставиле на Украина. Некои земји ѝ доставија оружје на Украина под услов да не се користи против цели на руска територија, особено што последните месеци тоа се употребува против цивилни цели.
Борел вели дека според меѓународното воено право е сосема легитимно да се користи ова оружје за противнапади против воени цели од кои земјата се напаѓа, но на пропорционален начин. Тој посочува дека ЕУ нема никаква јурисдикција, одлуката е на самите држави. Тој вели дека некои го смениле ставот и сега би дозволиле испорачаното оружје да се користи за цели во Русија, но не прецизираше кои земји и колку се.
Борел се пожали на недостиг од консензус потребен за усвојување седум закони со кои ќе се деблокира 6,6 милијарди евра воена помош за Украина. Единствената земја што се противи е Унгарија којашто има историјат на нарушено односи со властите во Киев кои дојдоа на власт со превратот во март 2014 година и ведаш ги укинаа малцинските права вклучително и на унгарското.
„Нема консензус веќе еден месец. Вчера се пожалив на состанокот на министрите за надворешни работи, а истото го направив и денеска“, изјави Борел.