Во Европа нема место за негирање на геноцидот во Сребреница, вели Стано

Во Европа нема место за доведување под сомнеж, негирање или релативизација на геноцидот во Сребреница, порача денеска главниот портпарол на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано во одговор на новинарско прашање за ставот на ЕУ за Предлог-резолуцијата за Сребреница во ОН.

-Кога станува збор за Сребреница и прашањето за геноцидот во Сребреница позицијата на Европската Унија и на нејзинините институции е многу јасна и таа се повторува секој јули на годишницата од овој ужасен настан во европската историја. Не се доведува во прашање фактот дека во Среберница имаше геноцид, изјави Стано.

Тој потенцира дека прашањето дали во Сребреница имало геноцид или не е работа на мислење, туку станува збор за одлука на меѓународни законодавни тела за поранешна Југославија.

-Тие многу јасно кажаа дека во Сребреница и изврешен геноцид и тоа треба сите да го прифатат и почитуваат, потенцира Стано.

На прашање како ЕК го коментира фактот дека еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји не реагирал додека на заедничка прес-конференција со него српскиот претседател Александар Вучиќ го негирал геноцидот, Стано го повотори ставот на ЕУ во однос на ова прашање, додавајќи дека тој став го споделува и еврокомесарот Вархеји и дека го повторувал во повеќе свои изјави изминативе години.

-ЕУ нема да толерира никого меѓу нејзините членки или меѓу нејзините претставници, кој се обидува да го негира и релативизира геноцидот или да глорификува воени криминалци. Тоа е нешто што им го пренесуваме и на земјите и партнерите кои сакаат да станат дел од ЕУ. Очекуваме сите политички актери од Западниот Балкан да се воздржат од активности и реторика кои може да го доведат во сомнеж европскиот став или да се сфатат како негирања на ужасните работи што се случија во Сребреница, додаде Стано.