Станува збор за дански државјанин кој патувал во Јужна и Централна Америка, а инфекцијата со Зика е потврдена со лабораториска анализа.
До сега овој вирус се појавил во 23 земји, а здравствените власти во одредени држави ги советуваат жените да го одложат забременувањето, бидејќи иако Зика дава полесни симптоми кај трудницата, може да предизвика тешки оштетувања на мозокот кај плодот.
СЗО предупредува на ширење на опасниот вирус Зика
За тој вирус што го пренесуваат комарци не постои лек, а инфекцијата предизвикува зголемена температура, конјуктивитис и главоболки.
Вирусот е најопасен за бремените жени бидејќи влијае на фетусот, а децата се раѓаат со оштетувања на мозокот што може да предизвика и смрт.
Научниците тој вирус го поврзуваат со оштетувања на мозок кај повеќе илјади новороденчиња во Бразил.
Досега вирусок Зика е регистриран во 23 држави.
Речиси 80 отсто од заразените луѓе не знаат дека во себе го носат вирусот се додека не се појават симптоми.
Директорот на Институтот за алергии и инфекции во САД вели дека ситуацијата со вирусот се влошува од ден во ден. Лекарите советуваат засега само избегнување на патувања во држави каде е регистриран вирусот.