Во Европа уапсени 130 лица осомничени за криумчарење луѓе

Полициите во повеќе европски земји уапсиле околу 130 лица кои се осомничени за криумчарење луѓе, соопшти во вторникот европската полициска организација Europol.

Во заедничката минатонеделна операција агенцијата за заштита на границите на Европската унија – Frontex, учествувале 22 земји, во којашто се идентификувани повеќе од 100 можни жртви на трговија со луѓе, се наведува во соопштението.

Во текот на операцијата, со којашто координирала Frontex, на копнените и морските граници, како и на аеродромите, биле проверени речиси милион луѓе и околу 200.000 возила,

Покрај 15 земји од ЕУ, во оваа сеопфатна акција учествувале и полициите на Македонија, Босна и Херцеговина, Велика Британија, Црна Гора, Украина и Лихтенштајн. Притоа биле ангажирани севкупно околу 22.500 полициски службеници.