Во Европа удриле 566.000 молњи за два дена

Порталот за известување за екстремни временски прилики „Severe Weather Europe“ објави дека во периодот од 3 до 5 јуни во Европа се регистрирани повеќе од 566.000 молњи и грмежи, објави на Фејсбук тој метеосервис.

Најмногу молњи се регистрирани на подрачјето на Франција, Швајцарија, Австрија, Словенија, Хрватска, Унгарија, Србија, Романија, Бугарија, Грција и Турција.

Под пораката се појавија голем број коментари – дека атмосферата е полна со електрицитет, „лудило“, додека еден коментар беше дека „се ближи судниот ден“