Во февруари годинава се издадени 387 одобренија за градење, што е за 9,9 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Предвидена е изградба на 951 стан, од кои 606 се во Скопскиот регион, покажуваат податоците што ги објави денеска Државниот завод за статистика.
По региони најмногу одобренија се издадени во Скопскиот регион, 123, од кои 66 се во општина Карпош, 12 во Илинден, по девет дозволи има во Гази Баба, Петровец и Сопиште, осум во Чучер Сандево, шест во Центар, Следуваат Југоситочниот регион, 57 одобренија, Полошкиот, 56, Вардарскиот, 44, Источниот, 32, Југозападниот, 30, Североисточниот, 28, како и Пелагонискиот, каде се издадени најмалку одобренија, 18.
Од предвидените 951 стан за изградба, со вкупна корисна површина од 78 892 метри квадратни, во Скопје се 606, од кои 537 се во Карпош, 35 во Центар, 13 во Ѓорче Петров, шест во Сопиште. Во другите градови, 84 станови се планирани во Гостивар, 76 во Струмица, 75 во Охрид. . . .
Според издадените одобренија за градење во февруари годинава, предвидената вредност на објектите изнесува 8.819.983.000 денари, што е за 10,9 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 171 (44.2 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 119 (30. 7 проценти) од нискоградба и 97 (25,1 процент) за објекти за реконструкција.
На 216 објекти (55,8 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 171 (44,2 проценти) инвеститори се деловни субјекти.