Во февруари: Годишен раст од 6,1% на вкупните депозити

Вкупните депозити во февруари, на годишна основа, се зголемени за 6,1%, како резултат на растот на депозитите кај двата сектора, со поголем придонес на секторот домаќинства.

На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 8,9%, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, коешто е поизразено кај корпоративниот сектор.

Во февруари 2022 година, паричната маса (монетарниот агрегат М3 1,2 ) бележи пад од 0,5% на месечна основа, пред сѐ како резултат на намалувањето на депозитните пари3 , при остварен пад и на долгорочните депозити до две години, во услови на раст на краткорочните депозити. Годишниот раст изнесува 6,8% и во поголем дел е резултат на зголемените краткорочни депозити, а во помал дел и на депозитните пари, при забележан пад на долгорочните депозити до две години. Готовите пари во оптек се речиси непроменети на месечна и на годишна основа.