Во Франција во последните 24 часа се регистрирани 7.017 нови случаи на зараза со коронавирусот, што е еден од највисоките показатели од почетокот на епидемијата во земјата, соопшти во средата агенцијата Sante Publique (Јавно здравје) при француското министерство за здравство.
Повисоки стапки на дневниот раст од почетокт на епидемијата во февруари, беа забележани само на 28-ми август 7.379 и на 31-ви март со 7.578 случаи на коронавирусот. До денеска во Франција се потврдени вкупно 293.024 случаи на коронаинфекција.
Покрај тоа, според здравствените власти во изминатото деноноќие како последици од компликации со Covid-19, починале уште 26 лица, со што вкупниот број починати достигна 30.686 лица. Во моментов, во француските болници има 4.632 заразени лица, од кои 446 се на интензивна нега.
Претходно министерот за здравство Оливие Веран рече дека во средата земјата го минала прагот од милион PCR тестирања на коронавирусот во текот на една седмица. Истовремено, според податоците на Sante Publique, позитивни биле 4,3 отсто од спроведените тестови во последните седум дена.
„Илјадници лаборатории ширум земјата го даваат максимумот за да обезбедат бесплатен и директен пристап до тестовите за сите граѓани, давајќи им приоритет на лицата со симптоми и на оние кои имале контакт со зразени лица“, рече Оливие.