Француското контраразузнавање уапсило во четвртокот група лица осомничени дека подготвувале терористички напад, извести радиото France Info, повикувајќи се на извори од безбедносните сили.
Како што наведуваат изворите на радиото, операцијата за неутрализирање на екстремистичката ќелија била спроведена уште на 18-ти ноември во Стразбур, близу француско-германската граница, но досега била премолчена поради оперативни причини.
Групата вклучувала пет лица, од порано познати на француската Дирекција за внатрешна безбедност (DSGI) и уште две лица кои неодамна влегле во Франција, рекол соговорникот на France Infoч Двајца припадници на ќелијата се веќе обвинети за припадност на криминална терористичка група, и се наоѓаат во притвор.
Другите пет членови на групата биле пуштени на слобода. Како што се наведува, апсењата биле изведени една седмица пред отворањето на познатиот Божикен базар во Стразбур, кој привлекува до два милиона посетители во главниот град на покраината Алзас.