Вкупната стапка на смртноста во Франција во периодот од 1-ви март до 13-ти април, што се совпаѓа со периодот на избувнувањето на епидемијата на коронаворусот во земјата, се зголемил за 25 отсто споредено со истиот период минатата 2019 година, соопшти во петокто вечерта Националниот институт за статистика и економски истражувања (Insee).
Според статитичарите, во текот на споменатиот период во 2020 година починале 93,839 луѓе во споредба со 75.100 починати една година претходно и 83.198 во 2018 година, со пораст од 25 односно 13 отсто.
Региони со најголемо зголемување на смртноста се областа во главниот град Ил-де-Франс со 91 отсто, Гран-Ест на североистокот од земјата со 61 отсто, како и источниот регион Бургундија-Франш-Конте и северниот О-де-Франс со по 24-процентен раст на стапката на смртност.
Во три департмана стапката на смртност од 1-ви март до 13-ти април е поголема од двојно во однос на 2019-та: Горна Рајна со 144 отсто, Сен-Сен-Дени и О-де-Сен со по 128 отсто.
Според Генералната дирекција за здравство (DGS), на 24-ти април бројот на починатите како последица од зараза со коронавирусот во Франција ја надмина бројката од 22.200 луѓе.