![франција](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/franci-a.jpg?resize=640%2C427&ssl=1)
Околу 560.000 здравствени пропусници во врска со Covid-19 во Франција се загрозени да бидат деактивирани, соопшти француското министерство за здравство, имајќи предвид дека новите прописи кои се однесуваат на дополнителните дози од вакцините против коронавирусот за сите возрасни стапуваат на сила во саботата.
Почнувајќи од саботата возрасните кои ја примиле втората вакцина против Covid-19 пред повеќе од седум месеци би морале да ја примат и дополнителната „бустер“ доза од вакцината за нивната ковид-пропусница да стане важечка.
Франција започна со воведувањето на дигиталните здравствени сертификати минатото лето. Тие потврди нудат доказ за вакцинирање против или прележувањето на коронавирусната болест и задолжителни за влегување во ресторани, кафулиња, на културни настани и други јавни простори.
Владата започна да ги заострува прописит за ковид-пропусниците кон средината на декември, кога за возрасните над 65 години почна да се бара доказ за примање на третата доза од вакцините.
Заразите последните седмици во Франција остро пораснаа, благодарејќи на позаразната омикрон варијанта на коронавирусот, која сега сочинува две третини од анализираните примероци. Неодамна властите известија за 329.000 новозарзени во само еден ден. Бројот на регистрираните инфекции на 100.000 жители во целата земја во седум дена неодмана беше 2.829.