Во Франција совладан маж со нож кој извикувал „Алаху Акбар“

Француските полицајци раниле во неделата радикализиран маж кој се заканувал со нож на улица во Мец на североистокот во Франција, соопштија властите.

„Ранет е, неговиот живот не е загрозен“, изјавил за AFP полициски извор, објаснувајќи дека мажот им се заканувал на полицајците кои пристигнале на местото на нападот и дека морале да го употребат оружјето и да го неутрализирајќи стрелајќи во неговите нозе. Во инцидентот нема други повредени.

Мажот, роден 1989 година, познат им е на властите по својата радикализираност и психички нарушувања, изјавил обвинителот на Мец, Кристијан Меркури. На полицијаците кои дошле да ги приведат им извикувал „Алаху Акбар“ (Господ е голем), додал.

Инцидентот се случи два дена по нападот во париското предградие Вилжуиф. Во тамошниот парк 22-годишниксо нарушено психичко здравје и преобратен во исламот во петокот со нож уби еден и рани тешко уште две жени, исто така, извикувајќи „Алаху Акбар“.

Тој беше застрелан од полицајците, а обвинителството во саботата вечерта соопшти дека и покрај тоа што не бил следен од разузнавачките служби, а претходно бил пријавуван за ппомали прекршоци, во меѓувреме бил радикализиран.