![francija obvinitelstvo](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/francija-obvinitelstvo.jpeg?resize=664%2C443&ssl=1)
Француски неонацист кој успеал да се врати во татковината по неколкуте години минати во Украина е уапсен и кривично ќе биде гонет поради „навреди и провокации“ со расистички карактер, пренесува парискиот дневен весник Le Monde.
Според написот, 37- годишниот Матје Б., кој живеел во Украина со сопругата и децата, наводно побегнал од оваа земја меколку дена пред почетокот на руската офанзива на 24-ти февруари. Движењето и активноситеите на десничарскиот активист биле следено од француските безбедносни служби, кои почнале да ги истражуваат неговите активности во октомври 2021 година, по жалбата на Еврејската опсерваторија во Франција.
Обвинителството на Париз ја доверило истрагата на Централната дирекциа за борба против злосторства против човечноста, геноцид и воени злосторства.
Осомничениот, познат на безбедносните служби по повициите на создавање на Белата република Бургундија“ , фантазмагорична земја ариевските воини посветени на на етничкото „чистење“ на „мешаната“ Европа. Но кога руските бомби почнале да паѓаат врз неговата нова татковина, мажот веднаш со децата и сопругата се спакувал и со автомобилот стасал до првата граница, пишува Le Monde
Се нарекувал себеси „големиот монарх“ и на социјалните мрежи бил споменуван како „Свети Клавдиј-88“. Бил уапсен на 20-ти март во Марсеј, а два дена подоцна против него било подигнато обвинение за расни навредни, говор на омраза и дискриминација преку електронски средства. Во моментов обвинетиот е под судски надзор, се додава во написот.