Во Франција уапсени 55 лица во славењето на победата на репрезентацијата на Алжир

Спонтаните славења ширум Франција по победата на фудбалската селекција на Алжир над Тунис во финалето на Купот на арапските нации во саботата резултираа со судири со полицијата и апсења на 55 лица, пренесува во неделата AFP повикувајќи се на извори во органите на редот.

Во Париз група навивачи на Алжир релативно мирно ја прославувале победата на националниот тим во кварот Барбс, од каде се упатиле кон Елисејските полиња, и покрај строгата забрана на владата за одржување собири на оваа трговска авенија. При обидот да биде растурена масата дошло до судир со полицијата поради што се приведени 32 лица а поднесени се 432 пријави за нарушување на редот и мирот.

Уште 23 лица биле приведени во други франциски градови, од кои најмногу во општината Рубо, каде што околу илјада луѓе излегле да ја прослават победата на Алжир.

Во Лил на улиците излегеле над две илјади луѓе, но славењето завршило со приведување на само две лица. Едно лице било приведено и во Лион, меѓутоа таму дошло до судир меѓу навивачите и полицијата, при што се повредени седум полициски службеници.

Купот на арапските нации се одржуваше од 30-ти ноември до 18-ти декември во Катар, како претпремиера на Светското фудбалско првенство кое во оваа земја ќе се одржи во 2022 година.