Во Франција уште 6.111 заразени со коронавирусот, најмногу од укинувањето на карантинот

Во Франција денеска се регистрирани 6.111 нови случаи на коронавирусот, што е најмногу од укинувањето на карантинските мерки и второто најголемо дневно салдо регистрирано од почетокот на епидемијата.

Само на 30 март, на врвот на пандемијата, регистрирани се повеќе новозаразени лица – 7.548.

Вкупниот број на заразени е 259.698, соопшти Министерството за здравство.