![Gaza rafa](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/Gaza-rafa.jpg?resize=696%2C390&ssl=1)
Министерството за здравство на Хамас денеска соопшти дека 29.782 лица се убиени во Појасот Газа од почетокот на израелските воени операции како одмазда за нападите на палестинските екстремисти на 7 октомври. Само во изминатите 24 часа загинаа 90 лица.
Од почетокот на војната, досега, се повредени 70.043 Палестинци.
Убиените и повредените се главно жени и деца.