Прогнозата вели дека допрва ни следат минусни температури. Сепак, најголемиот „зимски минус“ овој јануари е во Geox и тоа со попусти до -60%!
Дотерај се стилски и квалитетно и одбери некое од најудобните и најтопли парчиња на овој бренд со традиција, сега со промена во цена која навистина ќе ја почувствуваш.
Мажите можат да бираат дали ќе се одлучат за чизми од последната есенска сезона, за спортување или за елегантни поводи или пак ќе инвестираат во патики или чевли за претстојната пролет.
Жените можат да уживаат во попустот на обувки за сите сезони – мокасини, патики, високи чевли и секако чизми за различни пригоди – изборот нема да разочара!
А Geox секако не ги заборава ниту најмалите. Патики со суперхерој или зимски чизми во кои може сосема да се ужива во снегот? Одлуката нема да биде нималку лесна.
Тука не завршуваат убавите вести, имаме уште една одлична – освен обувки, на попуст се дел од зимските јакни во кои нема да имаш повеќе изговор да избегнуваш зимски прошетки, како и дел од женските модни додатоци, од кои никогаш доволно.
Време е за еден семеен шопинг во Geox, бидејќи овие намалувања не се пропуштаат. Дојди во продавницата во Сити Мол, или ако се’ уште немаш доволно топли обувки и облека, почести се со некое твое омилено парче преку онлајн апликацијата на Fashion Group, бидејќи попустите важат и таму и стопли се со Geox!
Почувствувај ја зимата без нималку студ!