![filipce od doma 2](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/filipce-od-doma-2.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Министерот за здравство Венко Филипче, најави дека во текот на идната недела ќе има серолошко тестирање во домот за старите лица, откако денеска во геријатријата во Ѓорче Петров е присутен коронавирус.
„Во домот за геријатрија во Ѓорче Петров, има дијастигноцирана вработена хигиеничарка. Таа имала покачена телесна температура, направен тест и истиот е позитивен, направена епидемомилошка анкета, дел од колешките, колегите се веќе во самоизолација. Имајќи во предвид дека домовите за стари лица се едни од можните жаришта, и треба да се пристапи со висока доза на внимателност. Поголемиот дел од тие стари лица се неподвижни, практично сите со хронични болести, и идната недела ќе пристапиме со серолошко тестирање на домовите за стари лица низ земјата“, рече Филипче.