Германскиот енергетски концерн EnBW објави во вторникот дека од 1-ви декември ќе ја зголеми цената на гасот за потрошувачите во домаќинствата за 38 отсто, образложувајќи го непопуларниот потег со „многу високите набавни цени“.
Поточно, станува збор за зголемување на сметките за 3,86 евроценти за киловат час на 13,54 центи. Ова е вторпат во последните шест месеци EnBW да ги зголемува цените, од 1-ви јули гасот во ткн основен енергетски пакет поскапи за 35 отсто.
Во заднината на намалените испораки на природен гас од Русија, и поради западните санкции против Москва поради војната во Украина и поради руското калкулирање, Германија како голем увозник на руските енергенси е под голема закана од енергетска криза. На 24-ти август сојузната влада во Берлин договори мерки за заштеда на енергијата оваа зима, со што се планира да се намали потрошувачката на гас за 2 до 2,5 отсто.
Мерките вклучуваат и намалување на температурите при затоплувањето во канцелариите и јавните установи од 20 на 19 Целзиусови степени, исклучување на осветлувањето на јавните згради и спомениците, како и во излозите на продавниците, во периодот од 22 до 6 часот. Покрај тоа, се наложува и подолго оставање на влезните врати во јавните установи и големите маркети.
Владата ги поддржува домаќинствата со пакет помош од повеќе од милијарди евра. На почетокот од септември беше договорен нов пакет во износ од 65 милијарди евра, а на крајот од минатиот месец беше објавен нов механизам за намалување на цените на гасот за потрошувачите, за што ќе биде заем до 200 милијарди евра.