Во Германија одбележана 80-годишнината од нападот врз Советскиот сојуз

Со полагање венец на споменикот крај Берлин посветен на загинатите советски војници во Втората светска војна во Германија во вторникот е одбележана 80-годишнината од нападот на нацистичка Германија врз некогашниот комунистички Советски сојуз.

„Никој не претрпе толку жртви како народите на тогашниот Советски сојиз. И покрај тоа овие милиони не се впишани во нашето сеќавање во мерата во којашто тоа го бараат нивното патење и нашата одговорност“, изјави германскиот претседаетл Франк-Валтер Штајнмаер при полагањето на венецот на споменикот на паднатите борци на СССР во берлинскиот кварт Панков.

Станува збор за еден од трите споменици во чест на советските жртви и воедно е претставува војнички гробишта каде лежат посмртните останки на околу 13.000 војници и официери кои загнале во ослободувањето на Берлин од нацистичките трупи.

Штанјмаер рече дека германската војна против Советскиот сојуз било дотогаш незабележано „убиствено варватство“ коешто однело милиони жртви.

„Сеќавањето на тој пекол, непријателството и омаловажувањето на човечките животи им останува за Германците обврска а за остатокот од светот предупредување. Само оној кој е во состојба да ги исчитува трагите од минатото и во денешницата може да создава иднина во која ќе се избегнува војната, ќе се отфрлаат диктатурите и со тоа ќе се овозможува мирен соживот“, рече претседаетлот на Германија.

На 22-ри јуни 1941 година, хитлерова Германија без предупредување и објавување војна, го нападнала Советскиот сојуз како дел од планот „Барбароса“. Во војната поведена до етничко и расно истребување, во нацистичката окупација убиени се околу 27 милиони луѓе од сите националности во тогашниот Советски сојуз, од кои 14 милиони цивили а најмногу Руси.