Во Германија откриен најстариот накит на светот

Германските археолози откриле на влезот од пештерата на Еднорогот, која се наоѓа во подножјето на планината Гарц копито од елен проценето на старост од 51.000 години, украсено со резби, пренесува The Daily Mail, повикувајќи се на студијата објавена во стручното списание Nature Ecology & Evolution.

Стручњаците веруваат дека овој новооткриен артефакт со должина од околу 6 сантимети и широк 4 сантиметри, е најстарото парче наките на светот. Оценуваат дека го создале Неандерталците.

До таквиот заклучок научниците дошле по деталното проучувањето на копитото. Откриле дека е вешто врежувано со засеци распоредени на еднакво растојание еден од друг под прав агол. Покрај тоа, забележано е дека пред да биде обработено, коскетното ткиво било варено за да омекне. Потоа, користејќи камени плочки остри како денес жилетите, биле направени засеците односно резбата.

„Станува збор за извонреден пример за нивните когнитивните способности. Резбата во коски е единствено појата за Неандерталците. Она што ова парче го прави толку интерсно се јасната шема и многу длабоките засеци. За да се врежат биле потребни околу 90 минути“, вели водечкиот научник на студијата, Дирк Ледер.

Сето тоа ги поттикнало научниците на помислата дека за древните луѓе создавањето на ваквите предмети имало „симболично значење“, односно однапред размислувале за уметничкото дело.

„Неандерталците биле способни за коплексно однесување, вклучително и за комуникација на своите впечатоци и искуства преку творење“, додава Ледер.

Експертите допрва треба да откријат за што припадниците на древниот човечки вид ги користел копитата со разби, но ова откритие докажува дека однесувањето на Неандерталците било слично на Хопосапиенсот.