Во Германија починаа 16 лица, повеќе од 2.800 заразени

Бројот на потврдени случаи со корона вирус во Германија во последните 24 часа порасна за 2.828, соопшти Институтот за заразни болести „Роберт Кох“.

Од последните пресек починаа 16 заболени, пренесе Ројтерс.

Во Германија досега вкупно се заразени 306.086, а починаа 9.562 пациенти.