Во Германија пораснал бројот на „супербогаташите“

Во Германија се зголемил бројот на таканареченит супербогатите, кои сега поседуваат 23 отсто од вкупното богатство на земјата, беше објавено во средата.

„Во Германија во моментов живеат околу 3.300 таканаречени супербогати луѓе, а тоа се луѓе кои поседуваат имот во вредност од повеќе од 100 милиони долари“, се вели во студијата на Global Wealth Report советничкиот концерн на Boston Consulting Group (BCG).

Со тоа бројот на супербогатите е зголемен за еден процент во однос на минаата година. Истовремено, на 555.000 се зголеми и бројот на оние кои поседуваат имот чијашто вредност се проценива на над милион американски долари.

Минатата година уделот на недвижностите во вкупното богатство на најбогатите во Германија се намалил поради падот на цените на пазарот на недвижности.

Според истата студија, богатството во Германија е „натпросечно нерамномерно“ распределено во споредба со остатокот од светот. BCG проценува дека овој тренд ќе продолжи и дека „супербогатите“ за пет години ќе поседуваат 26 отсто од вкупното богатство во Германија.

Најмногу „супербогати“ во светот – 26.000 од нивм живеат во САД, а потоа следи Кина со 8.300 супербогаташи. Германија е на третото место.