Германските безбедносни служби од терористичкиот напад на божикниот саем во Берлин пред три години, спречиле девет конкретни обиди за терористички напад на територијата на земјата, пишува весникот Welt am Sonntag повикувајќи се на податоците од Сојизното биро за борба против криминалот (BKA).
„Трендот покажува подготовка на нападите со едноставни средства. Огненото оружје моментлно при подготовката на терористичките напади не игра голема улога“, рекол за Welt am Sonntag Свен Куренбах, претставник на BKA.
Појаснува дека радикалното исламистичко милје во Германија станало поактивно по смртта на водачот на Исламската држава, Ал Багдади во октомври во Сирија.
Само во номеври во Офенбах и во Берлин се уапсени двајца потенцијални терористи, на коишто им се припишуваат подготовки за напади. Истрагите за овие случаи сѐ уште се во тек.
Ирене Михалик, претеничка од партијата Зелени, која во пратеничката група е задолжена за внатрешнополитички прашања, во разговорот за весникот го критикува недостигот од соработката на безбедносните служби на поедините сојузни покраини.
Во саботата вечерта поради сомнително однесување на двајца Сиријци, припадници на салафистичката заедница во Германија, беше евакуиран божикниот саем во Берлин кој пред три години беше сцена на терористичкиот напад со камион кога беа убиени 14 луѓе. Сиријците беа уапсени, а потоа ослободени.